Ѓоковиќ веќе е во Њујорк: Американците му испратија моќна порака на Новак (ФОТО)

И додека најдобриот тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ одмара во регионот и прави планови за продолжението на сезоната, Соединетите Американски Држави имаат моќна порака за него.

Имено, на Тајмс Сквер, една од најважните раскрсници на Менхетен, се појави билборд кој го најавува УС Опен на кој настапува Новак. Така Американците им ставија до знаење на сите дека едвај чекаат повторно да го видат српскиот тенисер кој минатата година немаше право на настап на Грен слем турнирот во Њујорк.

Новак три пати го освојуваше УС Опен, а минатата година титулата ја освои Карлос Алкараз.

Потсетуваме, последниот Грен слем во сезоната е закажан од 28 август до 10 септември.