,,Ѓоковиќ го канам секоја година но тој не доаѓа!” Познатиот директор на турнирот разочаран од Ѓоковиќ: „Би сакале да го имаме“
Директорот на АТП турнирот во Доха, Карим Алами истакна дека му е многу жал што Новак Ѓоковиќ долго време не играл на турнирот во Катар.
Најдобриот тенисер за последен пат играше во Доха во 2019 година, иако вратата му е секогаш отворена.
„Нашата врата е отворена за сите. Многупати му се јавував на менаџерот на Новак, можеби има различен распоред, но одамна не играл овде. Му се јавувам секоја година, но за жал, не доаѓа. Ние не можеме да го контролираме, тоа зависи од него. Би сакале да го имаме тој и другите тенисери“, изјави Алами во разговор со новинарите.
Тој напомена дека овој турнир следната година ќе биде во друштво на оние од серијата 500.
„Следната година во Доха ќе има серија 500 и тоа е многу важна промена за нас. Овде секогаш сме имале големи асови, Ѓоковиќ, Федерер, Надал, претходно Бекер, Едберг и други големи имиња. Секогаш беа задоволни. Надал и Медведев сакаа да играат оваа година, но мораа да се откажат“, рече тој.