ЃОКОВИЌ ГО НАДМИНА АЛКАРАЗ НА АТП РАНГ ЛИСТАТА, ПА НАПРАВИ ШОУ: Тренираше бос на трева, а поради овој потег сите прашуваат ШТО ПРАВИ?!
Новак Ѓоковиќ изненади многумина со пристигнувањето во Лондон по операцијата на коленото и опоравувањето од истата.
Мислеа дека Ѓоковиќ нема да може да игра на Вимблдон, но се чини дека српскиот тенисер сака да се натпреварува на најголемиот турнир, доколку коленото му е во добра состојба.
Новак веќе тренираше на тревната подлога на комплексот Вимблдон, а на социјалните мрежи се појавија интересни видеа.
На нив се гледа дека десното колено му е преврзано, но и дека одлично се забавува.
Српскиот тенисер во еден момент ги соблекол патиките и чорапите, а бил „фатен“ додека по којзнае кој пат го носел столбот што ја држи мрежата.
Една од причините за доброто расположение може да биде фактот што Новак од понеделник е втор на АТП листата, откако Карлос Алкараз загуби бодови со неочекуван пораз во осминафиналето на Квинс.