Ѓоковиќ доби лоши вести пред Ролан Гарос: Ова му го отежнува патот до титулата во Париз

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ од понеделник ќе биде трет тенисер во светот.

Новак веќе беше прескокнат од Карлос Алкараз, а по триумфот на Мастерсот во Рим истото го направи и Даниил Медведев.

Русинот во финалето го совлада Холгер Руне, кој претходно го елиминира Ѓоковиќ со 7:5, 7:5 и на тој начин стигна до првата титула во кариерата на земја.

Падот на третото место му го отежнува патот на Ѓоковиќ до титулата во Париз на Ролан Гарос. Сега е можен дуел со првиот фаворит Карлос Алкараз и пред финалето.