Ѓоковиќ испиша историја, па замина во Шпанија по нов трофеј! Новак подготвен за Дејвис купот

Најдобриот тенисер на денешницата Новак Ѓоковиќ по којзнае кој пат испиша тениска историја бидејќи стигна до 400-та недела на врвот на АТП листата, а со тоа го освои и седмиот Финален Мастерс турнир. Така Новак по Торино веднаш замина во Малага каде го очекува настап во Дејвис купот. 

Денес се појави видео на кое се гледа како Новак пристигнува во Шпанија во препознатливата јакна на неговиот спонзор.

Новак, како што најави претходно, и’ се приклучи на тениската репрезентација на Србија. 

За потсетување, Дејвис купот се игра од 21 до 26 ноември.