Утре сите треба да испочитуваат едно правило! Стариот обичај за св. Архангел вели…

Архангел Михаил се смета за водач на армијата ангели кои го штитат светот од темнината. Архангел Михаил често е прикажан на иконите со запален меч кој ги чува рајските порти и се верува дека е заштитник на Небесното Царство. На 21 ноември православните верници го слават Свети Архангел Михаил. Целосното име на оваа слава е Собор на Архангел Михаил и други бестелесни сили.

Според црковното предание, ангелот Михаил бил првиот што се борел со злиот дух, а тоа име, според црковното толкување, значи „оној што е како Бог”. Во грчкиот јазик, зборот „арх“ значи главен, прв, а „ангелос“ значи гласник, ангел. 

Свети Архангел Михаил, симбол на борбата против злото и небесна сила која ги прима душите на мртвите со мерење на нивните добри и лоши дела, на иконите и фреските е претставен како небесен воин во воена опрема, со меч, копје и зол дух кој, врзан со синџири кој му лежи под нозете.

Обичаи и верувања

Архангел Михаил

Постојат различни обичаи и верувања поврзани со Денот на Архангел Михаил, а се верува дека Архангел Михаил доаѓа да ги утеши болните и беспомошните во студените есенски и зимски денови. Според стариот обичај, на овој ден може да се предвиди времето, па се верува дека времето за овој празник ќе биде исто во текот на зимата и пролетта.

Постои една заблуда кога станува збор за обичаиите. На некои места се смета дека не треба да се приготвува жито за празнувањето на св Архангел Михаил, но тоа е неточно. Ова најмногу се толкувало со сметање на Архангел Михаил за жив светец, а преданија велат дека сите што умреле биле живи пред Бога.

На овој ден обичај е да се шири добра мисла и позитивна енергија. Исто така, се верува дека утре особено треба да бидете хумани и дарежливи. Според едно старо верување, ако утре му помогнете на некој кој има потреба, можете да очекувате благост и Светиот Архангел ќе ви ја исполни желбата.