Шокантна сцена на концертот на Тејлор Свифт! Поради еден потег сите се убедени дека пејачката ѝ оддаде почит на почината обожавателка (ФОТО)

Пејачката Тејлор Свифт синоќа одржа концерт во Бразил , продолжувајќи ја својата турнеја во оваа земја откако престана да настапува цел ден, поради трагедијата што се случи пред нејзиниот настап во петокот, кога 23-годишната Ана Клер Беневидес почина од срцев удар, поради високите температури.

За разлика од претходните денови кога Бразил го зафати огромен топлотен бран, синоќа врнеше дожд . Тејлор Свифт настапи на Естадио Нилтон Сантос во Рио де Жанеиро.

Тејлор Свифт

Иако Тејлор Свифт директно не ја спомна Ана Беневидес за време на настапот, фановите се убедени дека со вклучувањето на песната „Bigger Than the Whole Sky“ на концертниот репертоар, тоа е знак дека таа и’ оддаде почит на оваа студентка.