Страшни сцени во Израел: Хезболах со ракети го разнесе штабот на 91-та бригада! (видео)

ИД потврди дека ракети ја погодиле базата, предизвикувајќи пожар, но тврдат дека нема повредени или загинати војници.

Снимките кои кружат на социјалните мрежи покажуваат голема штета и пожар во базата Биранит по ракетниот напад од Либан. Се гледаат и војници кои со неверување ги гледаат последиците од нападот.

Според непотврдени информации, Хезболах истрелал ракети Буркан од краток дострел кои го погодиле командниот центар на 91-та бригада на ИД.