Русија распиша потерница по светски познатата пејачка која победи на Евровизија

Победничката на Евровизија од 2016 година, Џамала , Украинка со Кримско – татарско, беше ставена на листата на барани лица на руското Министерство за внатрешни работи во октомври, пренесува Политико.

Сузана Џамаладинова , позната како Џамала , е обвинета за дискредитација и ширење дезинформации за руската армија, поради што во ноември беше распишана потерница по неа во отсуство, пренесуваат Тасс и Риа.

Поранешниот украински претставник победи на Евросонг со песната „1944“ која се занимава со депортацијата и етничкото чистење на Кримските Татари од страна на Советите и јавно ја критикуваше руската окупација на Крим и инвазијата на Украина.