Ѓоковиќ испрати моќна порака: Новак застана до елката и со посебни зборови честиташе католичките Божиќ и Нова Година! (ВИДЕО)

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ им честиташе на сите кои го слават католичкиот Божиќ, но и Новата година.

Новак се огласи на своите социјални мрежи со моќна порака до светот.

– Среќен Божиќ на сите што слават денес. Исто така, ви посакувам Среќна Нова Година, која доаѓа за неколку дена! Се надевам дека сите ваши соништа ќе се остварат! Јас лично сакам помирен свет, свет со повеќе разбирање, љубов и сочувство! Се надевам дека ќе имаме прекрасни тениски моменти ширум светот. Одиме во новата 2024 година! Сè најдобро – изјави Новак.

Новак во среда ќе одигра егзибициски меч против Карлос Алкараз во Ријад, а потоа ќе отпатува за Австралија каде ќе учествува на Австралија опен и некои други помали турнири.