Кои десет држави извезуваат 90 проценти од оружјето во светот?

Соединетите Американски Држави и Русија се најголеми извозници на оружје во светски рамки.Ова го покажуваат податоците на стокхолмскиот Институт за мировни истражувања. Податоците објавени во март годинава се однесуваат на периодот од 2018 до 2022 година.

Останатите најголеми извозници меѓу првите десет се Русија, Франција, Кина, Германија, Италија, Велика Британија, Јужна Кореја и Израел.

Кој најмногу увезува американско оружје?

На САД отпаѓа речиси половина од извозот на оружје во светот односно 40 проценти. Компании како Lockheed Martin, Boeing и Raytheon доминираат во американската одбранбена индустрија. Податоците од стокхолмскиот институт СИПРИ покажуваат дека извозот на оружје на САД се зголемил за 14% од периодот 2013-2017 до 2018-2022.

Најголеми десет увозници на американско оружје од 2018 до 2022 биле Саудиска Арабија (19 %), Јапонија (8,6 %), Австралија (8,4 %), Катар (6,7 %), Јужна Кореја (6,5 %) Кувајт (4,8 %), Велика Британија (4,6 %), Обединети Арапски Емирати (4,4 %), Холандија (4,4 %) и Норвешка (4,2 %).

Русија извезува два и пол пати помалку од САД

Во светскиот извоз на оружје Русија учествува со 16 проценти во периодот 2018-2022. Државните компании како Рособоронекспорт, Алмаз-Антеј и Обединетата бродоградба се најголемите извозници во руската одбранбена индустрија. Рускиот извоз на оружје се намали за 31 отсто од 2013-17 до 2018-2022 година.

Индија со 31 % е најголем увозник на руско оружје. На второ место е Кина со 23 %, а на трето е е Египет со 9,3 %.

Франција со 11 проценти е трет најголем извозник на оружје во светот. Количината оружје извезена од Франција од 2018 до 2022 за 44 проценти пораснала во споредба со периодот 2013-2017.

Кинескиот извоз се намалил за 23 проценти. Кина е четврти најголем извозник во светски рамки со 5,2 проценти.

Германија е петтопласирана со учество во извозот на оружје во светот со 4,2 проценти. Германскиот извоз за четири години сепак се намалил за 35 отсто.

Италија извезува 3,8 проценти од светското оружје со скок од 45 отсто на извозот од таа земја. Велика Британија е застапена со 3,2 проценти, Шпанија со 2,6 проценти, Јужна Кореја со 2,4 проценти, а на Израел отпаѓа 1,4 отсто од извозот. И кај Израел слично како кај Русија има пад од 39 проценти во извозот на оружје. Намален извоз имаат и Велика Британија и Шпанија.

ТРТ БАЛКАН