Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ во раните фази од кариерата приредуваше шоу на теренот, особено на егзибициските мечеви.
Тој беше познат по тоа што ги имитира своите колеги, а слично нешто повтори и во пресрет на овој УС Опен во Њујорк.
Некогаш на својот репертоар имаше многу тенисери, меѓу кои и Рафаел Надал, кој во годините што следеа стана негов најголем ривал.
Првите меѓусебни дуели, пред повеќе од 15 години, најмногу му припаднаа на Шпанецот, за Ѓоковиќ малку по малку да го подобри резултатот, па сега да има предност од 30-29.
Новак во интервју за „ESPN“ ја коментираше промената на ставот на Рафа кога се во прашање имитации на Ѓоковиќ на негова сметка.
„На почетокот на мојата кариера, кога ме кршеше на теренот, тоа беше во ред за него. Но, кога почнав да победувам на некои натпревари, почувствував дека енергијата малку се промени“, изјави Ѓоковиќ .