„ЃОКОВИЌ НЕМА ДА ПОБЕДИ НА ОЛИМПИСКИТЕ ИГРИ И РОЛАН ГАРОС! Изјавата на Радмило Арменулиќ за која бруи цела Србија
НОВАК Ѓоковиќ е во криза, неговите фанови се надеваат дека ќе помине, но не и Радмило Арменулиќ.
Еден од најпознатите тениски стручњаци во Србија во интервју за „Еспресо“ истакна дека најдобриот светски тенисер нема шанси на Ролан Гарос.
- Нема да го освои Ролан Гарос сигурно, бидејќи тоа е земја и не е негов терен. За останатите турнири, да ви кажам право, ако се врати во форма, може да очекуваме нешто. Ако не се врати, ако продолжи вака, тогаш ништо од тоа. Едноставно мора да игра за да се врати во игра – изјави Арменулиќ.
Радмило се осврна и на шокантниот пораз на Ѓоковиќ во Индијан Велс од Лука Нарди.
- Мислам дека тоа е најтешкиот пораз во неговата кариера. Тоа е 123. играч во светот кој влезе како „лаки лузер“. Играше очајно, направи неколку неповторливи грешки, неизнудени грешки, лошо сервираше, слабо се движеше, имаше ужас од игра. Значи, тој мора да направи нешто. Ако продолжи вака, ќе доживее уште потешки порази.
На новинарско прашање дали Ѓоковиќ ќе победи на Олимписките игри, Арменулиќ беше песимист.
– Мислам дека не е можно. Има многу други кои се фаворити, на пример Синер, Алкараз, Медведев, Зверев, сите се во подобра форма од него – заврши Арменулиќ за Еспресо.