ЃОКОВИЌ ОД 0:2 ДО ПОБЕДА ВО СРПСКОТО ДЕРБИ! Драма, ПЕТ сета и неверојатниот Новак – сега го чека Хрватот!

Србинот Новак Ѓоковиќ уште еднаш покажа зошто е сметан за најдобар тенисер на сите времиња, откако ноќеска одигра уште една епска партија и со победа со голем пресврт над сонародникот Ласло Ѓере (4-6, 4-6, 6-1, 6-1, 6-3) се пласира во осминафиналето на Ју-Ес опен

.

Стартот на српското дерби во Њујорк беше крајно неочекуван, со оглед што далеку помладиот ривал почна многу подобро и поведе со 2-0 во сетови, со што го стави легендарниот Ноле пред свршен чин – да заигра подобро или да се откаже од сонот за уште еден гренслем-трофеј. Ѓоковиќ го одбра второто, заигра многу подобро и во следните три сета му препушти само пет гема на противникот, за нов триумф и продолжување на походот по победничкиот пехар.

Во битката за пласман меѓу осумте најдобри на Ју-Ес опен, српскиот тенисер ќе ги одмери силите со Хрватот, Борна Гојо.