ЃОКОВИЌ СЕ НАДЕВА ДЕКА УЧИТЕЛКАТА НЕМА ДА ПРАВИ ПРОБЛЕМ: Тара и Стефан отсуствуваат од училиште! Ова е пораката на Новак

Новак Ѓоковиќ даде се од себе второто полуфинале на Завршниот турнир во Торино да помине без драма.

Ѓоковиќ за помалку од час и половина го совлада вториот тенисер во светот Карлос Алкараз со 6:3, 6:2 .

Новак имаше добра поддршка од трибините, но, секако, никој повеќе не го бодреше српскиот ас од неговите деца. Во неговата кутија седеа неговата ќерка Тара и синот Стефан .

Новак во неколку наврати потенцираше дека игра подобро кога децата се присутни на натпреварите, а на почетокот на неделава најави дека децата ќе дојдат во Торино.

Сепак, ова е малку проблем бидејќи Тара и Стефан го пропуштија училиштето. Токму на оваа тема по мечот зборуваше Новак.

„Моите деца беа таму, ми донесоа среќа и самодоверба вечерва. Среќен сум што беа тука, земаа два дена од училиште. Се надевам дека нема да имаме проблем со учителката поради тоа (се смее). Одлично е што ја завршив работата во два сета“, изјави Ѓоковиќ.