Ѓоковиќ се појави на улица маскиран во рибар, ја симна маската и предизвика воодушевување кога почна да игра тенис (Видео)
Новак моментално е во Црна Гора.
По престојот во Дубровник во вторникот вечерта на концертот на Северина, најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ ги воодушеви и најмалите во Црна Гора – каде што моментално одмара пред да продолжи сезоната!
Црногорските медиуми јавуваат дека Ѓоковиќ во средата во текот на денот излегол на улиците на Тиват маскиран во рибар, а набргу потоа играл тенис со најмладите на улица.
Откако околу 10 минути играше во улога на рибар, Новак ја соблече јакната, капата и долгата брада, што предизвика ентузијазам кај сите присутни, пишува порталот „Дан“.
Ноле размени неколку удари со децата, се обиде да ги научи на некои потези, а како изгледаше сето тоа погледнете во видеото во продолжение:
👋 @DjokerNole in Tivat,Montenegro today 🇲🇪#Djokovic @NDjokofan #Montenegro #NoleFam
— Milica Milutinovic (@MilicaM84932667) May 1, 2024
📸:https://t.co/ffzvnRfzFq pic.twitter.com/lubTMT2DJK