Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ лесно се пласираше во осминафиналето на Австралија опен со победата над Томаш Махача во три сета.
Ѓоковиќ ја забележа првата победа во три сета на овогодинешниот Австралија опен, а победи со вкупни 6:1, 6:4 и 6:4.
Откако загуби по еден сет во првите две кола, Ѓоковиќ денеска го имаше најтешкиот противник преку мрежата, но тоа не беше видливо во ниту еден момент од дуелот.
Седмиот играч на светот беше особено впечатлив во првиот сет кој го доби со резултат 6:1. Во следните два дела од играта, еден брејк му беше доволен за да се пласира во следната фаза.
Ѓоковиќ во осминафиналето ќе игра против уште еден Чех, овојпат против Јиржи Лехечка, кој е 24. играч во светот.
Карлос Алкараз и Александар Зверев забележаа лесни победи во претходно завршените дуели. Алехандро Давидович-Фокина и Јакуб Менсик одиграа вистински спектакл, а на крајот Шпанецот победи по пресврт од 0:2 во сетови на 3:2.