Ѓорѓе Давид го запознал сопругот на жената што настрада во сообраќајната несреќа: „Сакав да си го тргнам товарот од срцето“

Српскиот музичар и поранешен член на групата Генерација 5, Ѓорѓе Давид пред еден месец во Македонија учествуваше со сообраќајна несреќа во која почина жена, а сега откри дека се сретнал со сопругот на жртвата.

Тој откри дека оваа средба и емотивен разговор му биле исклучително важни.

„Се сретнав со човек чија сопруга настрада во таа сообраќајна несреќа. Разговорот што го имав со него беше крајно човечки, нормален, крајно татковски. Тој е и татко на женско дете и јас, тоа ми беше многу важно да го тргнам огромен товар од моето срце бидејќи знаев дека сака да ја слушне приказната од главата на човекот зад воланот. Мислам дека тоа му расчисти некои облаци во главата. Многу ми е важно човекот да е свесен дека направив се што можев во тој момент“, изјави Ѓорѓе Давид и додаде дека никогаш нема да го заборави тој разговор.

“Седнавме на јавно место, спроти улицата. Тоа беше многу емотивен разговор кој траеше 45 минути, никогаш нема да го заборавам. До тој степен ми е исто толку важно како и раѓањето на моето дете, првиот бакнеж, првиот концерт и слично“, истакнал музичарот.