ЃОРЃЕ ДАВИД ГО ИЗГУБИЛ И ТАТКОТО ВО СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА! И тој бил во автомобилот но на чуден начин се спасил, потоа раскажа дека тој бил таен советник на кабинетот на ТИТО!?

Музичарот и член на жирито на „Ѕвезде Гранда“, Ѓорѓе Давид вчера доживеа сообраќајна несреќа во Македонија, во која загина жена.

За жал, ова не е единствената трагедија во животот на рокерот. Во сообраќајна несреќа го загубил татко му, а во тој момент и тој бил со него во автомобилот. Ѓорѓе во својата исповед зборуваше за најтешкиот момент, а потоа откри дека несреќата била наместена и дека се се случило поради политика.

Татко ми Василије ме однесе во драмската рубрика на Радио телевизија Белград на 10 години и тогаш првпат ги видов Буле Гончиќ, Соња Савиќ, Брстина и други. Татко ми беше член на Сојузот на комунистоте и додека сите бараа пари и викендички, тој не беше заинтересиран за тоа. Беше таен советник во кабинетот на Тито и смртта на татко ми ме натера да ја одберам уметноста, и покрај тоа што сите во семејството беа академски образовани луѓе, доктори, решив да го правам она што слободата ми дозволува да бидам свој – изјави тој во едно свое интервју.

Давид потоа со солзи се присетил на моментот кога доживеале несреќа во која загинал неговиот татко, а тој помина без никакви повреди.

Тоа беше политичка местенка, оркестрирана. Јас и тој бевме во колата, не ми падна влакно од главата, а тој остана мртов на лице место. Но, тој беше и останува авторитет во мојата глава. После тоа ужасно се променив, бидејќи мојот херој беше поразен. Немав ни 15 години и тоа се работите кои го тераат еден млад човек да пукне во главата – изјави Ѓорѓе.

Ѓороѓе призна дека оваа трагедија имала големи последици во неговиот живот и дека подоцна тргнал по патот на порокот, од кој подоцна избегал.

Кога ќе изгубите идол на таа возраст, се чувствувате целосно изгубено, несигурно, како да не сте сами и барате засолниште во оние кои се слаткоречиви. Во одреден момент отидов под мраз, единствено не пробав хероин. Тоа траеше една година, многу интензивно. Благодарение на спортот и семејството, и откако видов дека моите пријатели си заминуваат, решив да најдам излез. Многумина од нив ги испратив на другиот свет, имаше деца на многу познати личности, претседатели на држави и на претседателствата, а секоја смрт предизвикуваше болка и потврдуваше дека сум на вистинскиот пат бидејќи избрав уметност и чист начин на живот – ја раскажа својата животна приказна рокерот.