Ѓукановиќ за 1 година побогат за 27 милиони евра! Kaj Мило, Ацо и Блажо нема криза, овие 6 фирми им носат пари, ќе има од што да ја крцка пензијата!?
Шест фирми во сопственост на претседателот на ДПС Мило Ѓукановиќ, неговиот син Блажо и братот Ацо лани оствариле приход од 27 милиони евра.
Компаниите во кои членовите на семејството Ѓукановиќ имаат мнозински или малцински удел во минатата година оствариле вкупен приход од 27.667.815 евра, покажуваат податоците доставени до Црногорската управа за приходи и царина. Вкупната добивка во шест фирми кои се во сопственост на претседателот на ДПС, Мило Ѓукановиќ , неговиот син Блажо и братoт Ацо, изнесува повеќе од 27 милиони евра, пишува „Дан“ од Подгорица.
Мило Ѓукановиќ има удел во компанијата „Глобал Монтенегро“ заедно со неговиот кум Вук Рајковиќ, а само таа компанија работеше во минус. Синот на црногорскиот претседател во заминување има сопственички акции во ББ „Солар“, „Капитал инвест“ и фирмата „Кодио“ , додека неговиот брат Ацо е најголем поединечен акционер во Републичкиот завод за урбанистичко планирање и проектирање и во Прва банка .
Фирмата „Кодио“ во која помладиот Ѓукановиќ има 40 проценти од бизнисот најдобро се покажа. Таа компанија претходната година оствари нето добивка од 21.455.370 евра. Потоа следува „Капитал инвест“, чија нето добивка изнесува 5.642.687 евра, што е значително подобар резултат во однос на 2021 година кога заработи 866.792 евра.
„Капитал инвест“ е основан од Мило Ѓукановиќ во 2007 година, а управувањето со компанијата му го препуштил на синот во 2018 година, кога го започнал својот мандат на чело на државата. ББ „Солар“, компанија во која синот на претседателот поседува 50 отсто, а останатите 50 отсто на партнерот Иван Бурзановиќ, има нето добивка од 124.802 евра , што е значителен пад во однос на претходната година кога изнесуваше 764.601 евра.
Оваа компанија работи во областа на енергетиката. Блажо и Бурзановиќ имаат партнерски однос и во хидрокомпанијата ББ, која неодамна ја тужеше црногорската држава за надомест на штета поради недовршената мала хидроцентрала на Слатина, потсетува „Дан“. РЗУП , во кој најголем поединечен акционер, 75 отсто, е Ацо Ѓукановиќ, заработил 328.596 евра. Една година порано претходно таа компанија заврши со загуба од 220.727 евра, што значи дека го подобрила своето работење.
Аца е и најголемиот поединечен акционер во Прва банка со 41 отсто од акциите, која лани оствари нето приход од 62.000 евра. „Глобал Монтенегро“ во сопственост на претседателот на ДПС и неговиот кум годината ја заврши во црвено за 4.838 евра. Деловните расходи изнесуваат 1.430 евра, а за плати се потрошени 3.408 евра . И оваа компанија е на листата на најголеми должници од која доверителите се обидуваат да наплатат 11,7 милиони евра.