Ѓукановиќ: Црна Гора избра, јас го почитувам тој избор, му честитам на Јаков Милатовиќ

 Ѓукановиќ му посака на Милатовиќ да биде успешен претседател.

Актуелниот претседател на Црна Гора и кандидат на Демократската партија на социјалистите, Мило Ѓукановиќ, му честиташе на Јаков Милатовиќ за победата на претседателските избори.

Актуелниот претседател на прес-конференцијата рече дека Црна Гора избрала и дека тој го почитува тој суд на граѓаните.

Ѓукановиќ му посака на Милатовиќ да биде успешен претседател.

„Бидејќи ако тој биде успешен претседател, тоа значи дека и Црна Гора може да биде успешна држава“, порача Ѓукановиќ.

Им се заблагодари на сите граѓани кои го дале својот придонес во Црна Гора да се спроведе демократски и кредибилен процес, што ќе придонесе за меѓународниот угледа на државата.

Ѓукановиќ им се заблагодари на граѓаните кои нему му ја дале довербата, додавајќи дека го цени секој глас.

„За мене секој е важен како планина, бидејќи не е едноставно да ги сочуваш по 30 години власт“, рече Ѓукановиќ.