Ѕвездата на Манчестер Јунајтед пред голем срам: Антони отстранет од репрезентативниот список по обвинувањата за сексуално злоставување
Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Антони е отстранет од списокот на бразилската репрезентација по обвинувањата за сексуално злоставување од неговата поранешна девојка, соопшти федерацијата на земјата.
Бразилската фудбалска конфедерација објави дека 23-годишниот Антони е повлечен од тимот откако „фактите, кои треба да се истражат, се појавија во јавноста“.
„Можам да кажам дека обвинувањата се лажни и дека доказите ќе покажат дека сум невин за поднесените обвиненија. Верувам дека полициската истрага која е во тек ќе ја докаже мојата невиност“, напиша Антони на социјалните мрежи.
Антони е обвинет дека на 15 јануари во хотелска соба во Манчестер ја „и’ ја удрил главата“ на својата поранешна девојка Габриела Кавалин, оставајќи ја со отечена глава за која била потребна лекарска помош.
Таа изјавила и’ дека била удирана со тупаница во градите, поради што бил оштетен силиконскиот имплант на градите, па морала да оди на корекција.
Антони во понеделникот изјави дека неговата врска со поранешната партнерка била „бурна“, но никогаш не бил физички агресивен кон неа.