Ѕвездата од „Господарот на прстените“ го чува во строга тајност својот приватен живот, а еве која е причината за тоа
Актерот Елајџа Вуд конечно откри зошто го чува својот приватен живот строго во тајност, а истото го прави и неговата партнерка Мете-Мари Конгсвед.
Актерот Елајџа Вуд и неговата партнерка, филмската продуцентка Мете-Мари Конгсвед сакаат да го држат својот семеен живот подалеку од очите на јавноста. Ѕвездата од трилогијата „Господар на прстените“ во интервју откри дека минатата година добиле второ дете, а веста ја сподели сосема случајно, притоа одговарајќи на новинарско прашање како го започнува денот.
Инаку, тој воопшто не зборува за приватниот живот. Во интервјуто изјави дека поради децата секојдневно се буди многу рано.
,,Имаме тригодишен син и 14 месечна ќерка и нè будат доста рано“, откри сосема случајно.
Актерот, вели, наутро подготвува појадок за децата, овесна каша со разни зачини, овошје и путер од кикирики или житарки со јогурт. А потоа кажа зошто чува сè во тајност, па дури ни социјалните мрежи не му се отклучени за јавноста.
„Сакам да споделам фотографии што не мора да ги знае целиот свет. Отворена сметка на социјалните мрежи би влијаела на содржината што ја споделувам. Јас по природа сум приватен и затворен човек“, вели тој во разговорот.
Елајџа и Мете-Мари се запознале на снимањето на филмот „Повеќе не се чувствувам дома во овој свет“ во 2017 година, а кога во 2019 година станаа родители на нивното прво дете, веста ја чуваа во тајност, па дури и не ги објавија имињата на нивните деца. Медиумите шпекулираа и за нивните свадбени планови, но парот никогаш не ја потврди веста.
Пред врската со актерот, продуцентката беше во брак со продуцентот Еван Луис Кац, но се разделија во 2016 година.
Од друга страна, Елајџа беше во врска со Памела Рацин пет години, а се забавуваше и со Кери Бикше.