Ѕид полн со ѕвезди, балони околу креветот: Ѕирнете во собата на синот на Марија Шерифовиќ

Пејачката Марија Шерифовиќ на крајот на 2023 година, во декември, доби син со помош на сурогат мајка.

Момчето Марио е родено во Америка, а по неколку недели се преселија во Србија, а сега живеат во луксузен дом во Белград на вода.

Шерифовиќ денеска се фотографираше за Инстаграм од детската соба на која можеме да видиме како изгледа катчето на малиот Марио.

На белиот ѕид е залепен тапет со шарени ѕвезди.

До креветот има црно-бели балони, со кои Марија си играше.

Во позадината има голем плакар, како и клима над вратата. Сè зрачи со чистота и бели тонови.