Јагодите, како и другите бобинки, се богати со витамини, минерали, влакна и соединенија со антиоксидантни и антиинфламаторни својства. Како дел од здравата исхрана, јагодите можат да помогнат во спречување на разни состојби, од кои едната е дијабетес тип 2. Доказите покажуваат дека ова овошје го спречува зголемувањето на нивото на шеќер во крвта после оброк кај дебели или со прекумерна тежина.
Јагодите содржат неверојатна количина на витамин Ц
Хранливите материи со кои се богати јагодите можат да помогнат и во заштита од срцеви заболувања, мозочен удар, рак, висок крвен притисок и запек. Освен со витамини и минерали, јагодите се богати и со фитохемикалии, растителни соединенија кои го одржуваат доброто здравје, а пред сè елагична киселина и разни флавоноиди, како што се антоцијани, кверцетин, кемпферол и катехин.
Свежите јагоди се и одличен извор на витамин Ц и флавоноиди, кои имаат моќни антиоксидантни својства. Една јагода со просечна големина обезбедува неверојатни 7,1 милиграми витамин Ц, количина што е еднаква на околу 12 проценти од дневната вредност за оваа важна хранлива материја. Експертите забележуваат дека ако се чуваат на собна температура, свежите производи почнуваат да го губат витаминот Ц брзо по бербата. Чувањето на производот во фрижидер може да го забави овој процес, но не може да го спречи.
За жал, јагодите се на врвот на листата на овошје со остатоци од пестициди
Иако јагодите се вистинско богатство на здравјето, тие не се препорачуваат за сите луѓе, а особено треба да внимаваат луѓето кои имаат проблеми со алергии или со функционирањето на дигестивниот тракт, односно воспаление на цревата, особено оние со улцеративен колитис. Имено, експертите наведуваат дека главниот недостаток на јагодите е тоа што може да содржат остатоци од пестициди на плодот.
Секоја година, Environmental Working Group (EWG) прави список на овошје и зеленчук со највисоки нивоа на остатоци од пестициди, познати како „Валкана дузина“. Јагодите често се рангирани високо на оваа листа. Имајќи го ова на ум, EWG предлага да јадете органски јагоди за да го намалите ризикот од изложеност на пестициди.
Ако имате проблеми со цревата или алергии – изберете друго овошје
Јагодите се меѓу овошјата со најголема содржина на пестициди на овошјето, а познато е дека пестицидите се „темпирани бомби“. Во нивното производство особено се користат фунгициди. Додека најчестите симптоми на труење се дијареа, повраќање и главоболка, нивната долготрајна акумулација во телото го зголемува ризикот од оштетување на нервниот систем. Поради високата количина на салицилати во јагодите, ова овошје не треба да го јадат луѓе алергични на овие соединенија. Последица може да биде не само алергии, туку и отежнато дишење, напади на кашлање и отекување на лицето.
Јагодите се меѓу плодовите кои најчесто предизвикуваат алергиски реакции. Јадењето јагоди може да доведе до кожни лезии, чешање и дијареа кај некои луѓе. Остатоците од пестициди можат да предизвикаат и отежнато дишење, напади на кашлање, дигестивни проблеми … а виновникот за овие непријатни симптоми е прекумерното производство на хистамин, што го предизвикуваат јагодите.