Јадењето надвор во ресторани и кафулиња во Македонија станува луксуз, а цените на храната и пијалоците се зголемија за 5% оваа година
Цените на гастрономските услуги во рестораните, кафулињата и хотелите во земјава во јули годинава биле за 5 проценти повисоки во споредба со јули минатата година – измери Државниот завод за статистика.
Споредбата помеѓу јули минатата година и јули годинава покажува дека граѓаните платиле за 8,1% повеќе за храна во гастрономските објекти.
Цените на алкохолните пијалоци се зголемиле за 8,4%, додека на безалкохолните пијалоци за 6,1%. Податоците покажуваат дека за првите седум месеци од оваа година, во споредба со истиот период минатата година, цените на гастрономските услуги се зголемиле за 5,3%. Храната за 4,7%, алкохолните пијалоци за 5,3%, безалкохолните пијалоци за 5,9%, додека сместувањето за 7,2%.
Цените на гастрономските услуги во јули годинава се зголемија за 0,5% во споредба со претходниот месец.