Јадењето на популарното овошје еднаш дневно може значително да го подобри видот, се вели во студијата

Јадењето грозје е добро за очите, покажуваат истражувањата. Според научниците од Националниот универзитет во Сингапур, само една шака грозје дневно во текот на четири месеци ги подобрува клучните индикатори за здравјето на очите.

Тајната лежи во фактот дека влошувањето на видот е резултат на оксидативен стрес, односно оштетување на клетките, бидејќи телото нема доволно антиоксиданси, а грозјето го има во изобилство.

Тимот проучувал 34 возрасни кои јаделе една или една и пол шолја грозје дневно. Забележано е значително зголемување на индикаторите за добро здравје на очите, оптичка густина на макуларниот пигмент, плазма антиоксиданси и содржина на феноли во споредба со испитаниците кои земале плацебо терапија. Оние кои не јаделе грозје забележале значително зголемување на гликацијата, што е типичен, но штетен процес на стареење.

Коавторот на студијата д-р Јунг Еун Ким рече: „Грозјето е лесно достапно овошје за кое студиите покажаа дека може да има корисни ефекти во нормални количини од само една и пол шолја дневно. Редовното консумирање на грозје може да го подобри здравјето на очите кај постарите“.