Јакимовски ветува надворешна политика во три правци-јакнење на позициите во НАТО, САД и ЕУ

Претседателскиот кандидат Стевче Јакимовски на прес конференција во Ѓорче Петров изнесе детали околу заложбите на надворешната политика што ќе ја води. За повеќе респект од САД и Европската унија и за јанкнење на позициите во НАТО.

– Јас би сакал да кажам што како претседател на Република Македонија ќе инсистирам во делот на надворешната политика. Таа оди во три главни правци, прво, јакнење на нашите позиции во НАТО-структурите и заложба за малку поголем респект и малку повеќе почит и кон државата и кон граѓаните на Република Македонија, како од НАТО, така и од нашиот стратешки партнер Соединетите Американски Држави и од Европската унија, изјави Јакимовски.