Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ на ClickPlus на ТВ21 изјави дека очекуваат сигурна победа на претстојните избори и дека не треба да размислуваат за коалиција со ДУИ.
„Како што стојат работите, нема потреба да се размислува за коалиција. Тоа што го правевме во изминатите години, што се случува сега, не остава простор да зборуваме кој ќе биде победник на следните избори. СДСМ треба да се охрабри да не се потиснува како партија. Но, сето ова што го гледаме, прошетајте низ скопскиот плоштад, или прилепската чаршија, или одете во старата чаршија и прашајте кој било, истото ќе ви го каже и ова е резултат на погрешната влада во последните 8 години. Не гледам причина зошто да размислуваме за оваа опција, иако во политиката се е можно“, рече Јанушев.