Јапонија започна активности за преместување на американската воена база

 – Јапонија започна со активности за преместување на американската воена база во областа Окинава по барање на локалното население.

Овој потег на Владата на премиерот Фуми Кишида следуваше по судскиот налог што е издаден врз основа на приговорите на покраинската Влада на јужниот дел на Јапонија.

Главниот секретар на Кабинетот, Јошимаса Хајаши, изјави дека веројатно ќе бидат потребни повеќе од девет години да се зацврсти меката земја на локацијата каде што ќе биде преместена воздушната станица на американските маринци Футенма.

Владата на премиерот Кишида издаде одобрение за почеток на работа на крајот од декември.

Окинава е дом на повеќето американски воени инсталации во Јапонија, а локалните жители долго време ја повикуваат Владата да ја пресели базата од покраината.

Повеќе од 50.000 американски војници се распоредени во Јапонија според билатералниот договор за одбрана од крајот на Втората светска војна во 1945 година.

Моментално американската база се наоѓа во пренаселена станбена област во Гинован, а официјален Токио сака таа да се пресели во помалку населената крајбрежна област Хеноко во Нага, врз основа на договорот потпишан во 1996 година.