Јапонија ќе одржи онлајн самит на Г-7, ќе учествува и Зеленски

Јапонскиот премиер Фумио Кишида вечерва ќе одржи онлајн самит на Г-7, на кој е поканет и украинскиот претседател Володимир Зеленски, соопшти на прес-конференција генералниот секретар на јапонскиот кабинет Хироказу Мацуно.

-Вечерва премиерот Фумио Кишида, во својство на претседавач со Г-7, планира да одржи онлајн разговори на лидерите на „седумката“.