Најголемото природно термално езеро во светот: Се наоѓа на само неколку часа возење од Србија

Езерото Хевиз е избрано за едно од 15-те најдобри туристички дестинации во Европа во 2020 година, а најинтересно е што во него може да се плива 365 дена во годината.

Од нас е на само неколку часа возење, што го прави одлична дестинација за викенд.

зерото Хевиз е термално езеро кое се наоѓа во близина на градот Хевиз во Унгарија. Ова езеро е едно од најголемите термални езера во светот, а особено е познато по тоа што е исполнето со топла термална вода во текот на целата година.

Езерото зафаќа површина од четири хектари и има уникатни природни карактеристики. Од термалните извори дневно излегуваат дури 38.000 литри свежа вода, па целата вода во езерото природно се менува. На површината на езерото пливаат водени лилјани во различни бои, што дополнително го засилува впечатокот.

Водата во езерото доаѓа од геотермални извори, а температурата на водата обично е околу 30 до 35 Целзиусови степени. Ова го прави езерото атрактивна дестинација за луѓето кои бараат релаксирачки одмор. Посебно е интересен податокот што посетителите се капат во него и во зима, бидејќи никогаш не замрзнува. Температурата на водата не паѓа под 24 Целзиусови степени.

Водата е позната по своите лековити својства, а многу луѓе веруваат дека позитивно влијае на здравјето на кожата, мускулите и зглобовите. Има уникатен состав благодарение на различните термички својства и лековитата кал што го покрива дното на езерото.

Изворите обезбедуваат бројни минерали, па водата има исклучителни својства кои овозможуваат повеќекратна употреба. Покрај релаксација и класичен велнес, позната е и како ефикасна вода за бањски и здравствен туризам, а често се користи и за рехабилитација по операции и повреди.

Областа околу езерото нуди и голем број различни капацитети за туристите, а самиот град Хевиз има шармантна атмосфера. Тој нуди занаетчиски продавници, ресторани и други интересни атракции. Покрај тоа, тука е и Зоолошката градина, замоци, природни резервати, игралишта, како и бројни патеки за пешачење или нордиско пешачење.

Езерото и бањата Хевиз се оддалечени само пет часа од Белград, поврзани се со добра инфраструктура, па нема оправдување да не го посетите тој дел од Унгарија. Подеднакво се привлечни и во зима и во лето, што е можеби нивниот најсилен адут..