„Јас бев бремена а тој беше груб“ – Јелена Ѓоковиќ конечно проговори за кавгата во живо со Ноле! Еве зошто таа урлала (фото/видео)
„Кога луѓето велат дека сме совршени, јас веднаш одговарам дека не сме“, е реченицата со која Јелена Ѓоковиќ ја опишува врската со сопругот Новак Ѓоковиќ. Директорот на фондацијата „Новак Ѓоковиќ“ искрено зборуваше за родителството гостувајќи во емисијата „Кец на единаесет“ на телевизијата К1. Таа откри како ја повредила реченицата на Тара „Ти не си мајка, излези“, а потоа се навратила на врската со Новак. “
,,Јас сум многу свој и не ми е гајле што ќе каже околината. Кога јас и Новак сме заедно, навистина сме ние, и кога се караме и кога сме заљубени. Тоа е емоција која е природна и фраго ми е што можеме да дозволиме да бидеме свои“, рече Јелена и додаде дека најважно во животот е да останеш свој.
Таа се осврна на познатата кавга во живо, која добро ја памети, која се случи кога Јелена беше во друга држава.
„Новак е многу автентичен. Заедно сме од 18 години. Сестра ми се отсели пред осумнаесет години, исто толку време сум со сопругот. Не гледам дека ова е нешто што го правиме заради публицитет. И сакам да им одговарам на луѓето кои ми кажауваат дека сме совршени. Да ви кажам веднаш дека не сме.Се сеќавам кога се скаравме на една емисија во живо пред неколку години. Бев бремена и емотивна, а тој во тој момент беше груб“, откри Јелена и објасни:
„Реагирав онака како што реагирав. Откако размислував за тоа, се запрашав: „Боже, дали луѓето навистина мислат дека за нас сè е мед и млеко?“. Сепак, знам дека луѓето така нè замислуваат, но и ние си имаме свои маки и проблеми. Најважно е човек да сфати кој е и што е тој, затоа што всушност не знаеме кои сме“, советувала Јелена и открила дека Новак и таа глумеле долго време.
„Колку долго се преправавме дека се адаптираме. Да се трудев да ја задоволам јавноста, која од мене очекуваше, не знам што и да им угодам. Новак е секогаш сè подобар, што значи дека работиме многу добро, но и јас сум подобра .Ние двајца, што успеавме да бидеме свои заедно, но и одделно, за мене тоа е најголемиот успех. „Ако некој ќе се стреми кон нешто, нека се труди да биде свој, бидејќи тоа нема цена“, заклучи Јелена Ѓоковиќ во споменатата емисија.