„ЈАС ВАРОСУВАМ ЗА 80 ДОЛАРИ А ДИВАЦ И СТОЈАКОВИЌ МЕ КАНАТ ВО НАЈСКАПИОТ РЕСТОРАН“! По затворот, Жарко работел како молер во Америка

Жарко Лаушевиќ денеска не напушти по кратко и тешко боледување, соопшти неговото семејство. Ненадеен шок кај сите кои ги сакаа и се сеќаваа на неговите улоги и реплики, заменети со слики и пораки кои ги преплавија социјалните мрежи.

Анегдотата што ја раскажа во една емисија, кога работел како молер по пристигнувањето во Америка, сега се раскажува на нив. Заработил 80 долари, а во една прилика го сретнале Владе Дивац и Предраг Стојаковиќ кои тогаш настапувале за Сакраменто.

Решиле да го однесат во луксузниот ресторан „Ципријани“ по напорниот ден со варосување, како што рекол за „ситно“.