“ЈАС СУМ ДЕТЕ НА ВОЈНА И СУМ ПОВРЕДЕН ОД ТОА ШТО СЕ СЛУЧУВА!“ – Новак Ѓоковиќ проговори за конфликтот на Блискиот Исток: Ова е пораката од најдобриот тенисер во светот
Новак Ѓоковиќ во Париз зборуваше за војната меѓу Израел и Хамас .
„Како дете на војна, многу сум повреден од она што се случува во светот и цивилите кои страдаат“, изјави Новак Ѓоковиќ по победата во 2. коло на последниот Мастерс во сезоната.
Новак Ѓоковиќ изрази надеж дека конфликтите ќе бидат завршени што е можно поскоро.
„Се надевам дека сè ќе биде завршено многу брзо. Секогаш сум за мир и тоа е мојата порака. Им испраќам љубов“, вели тој.
За време на тенискиот турнир на Мастерс веќе еден месец беснее војната на Блискиот Исток и многу цивили ги губат животите.
Новак Ѓоковиќ во Париз, во истиот разговор со новинарите, зборуваше за големата промена во неговиот тим и за разделбата со тандемот што беше со него повеќе од 15 години.