Apple намерно ги забави телефоните: поднесена масовна тужба, отштета во милијарди

Пред шест години беше докажано дека Apple намерно ги намалуваше перформансите на iPhone-ите со цел батериите да траат што подолго – тие користеа софтверски надградби за да го забават iPhone-от, под изговор дека всушност им прават услуга на корисниците. Со истото се соочуваат и во Велика Британија.

Поради ова, беше поднесена колективна тужба против компанијата во САД, што доведе до тоа Apple да мора да издвои 500 милиони долари за да ги исплати повредените корисници, па има смисла да сакаат да спречат вакви работи да се повторат. .

Се чини дека нема да биде така лесно, бидејќи како што објави Ројтерс , се подготвува нова тужба со иста содржина против компанијата Apple, овој пат во Обединетото Кралство.

Иако компанијата се обиде да го блокира, Трибуналот за конкуренција во Велика Британија (CAT) застана на страната на корисникот во овој случај, и ја одобри масовната акција.

Претседателот на здружението на потрошувачи, Џастин Гутман, е именуван како класен тужител кој бара исплати за околу 24 милиони корисници на iPhone во Велика Британија.
Гутман овојпат бара многу повеќе пари – 1,6 милијарди фунти или околу 1,9 милијарди долари. Судот, сепак, изјави дека „случајот на Гутман не е целосно јасен“, па таа сума може да се промени.