ЈА ВИКААТ И ЖИВА КУКЛА: Толку е убава што никој не верува дека е ВИСТИНСКА (ФОТО)

Исклучително висока и со експресивни црти, оваа убавица со темна кожа неодоливо потсетува на куклата која сите ја обожававме во детството.

Оваа фатална дама предизвикува море од погледи и коментари каде и да се појави бидејќи плени со својот неверојатен изглед.

Оваа млада девојка има само 27 години, но веќе го освои светот.

Благодарение на својот изглед, манекенката Даки Тот стана вистинска интернет сензација.

Многу жени денес со помош на естетска хирургија се обидуваат да постигнат убавина слична на Ким Кардашијан, Анџелина Џоли, Иванка Трамп или на Барби…

Сепак, постојат и оние дами кои природата ги наградила со неопислива убавина, а една од нив е австралиско-суданскиот модел Даки Тот. Исклучително висока и со експресивни црти на лицето, оваа убавица со темна кожа неодоливо потсетува на куклата која сите ја обожававме во детството.

Славата ја стекна кога се појави на натпревар за моделирање, а деновиве се најде во медиумите благодарение на фотографијата што ја објави на интернет, а на која изгледа идентично како Барби.

Откако ја објавија фотографијата на Твитер , корисниците на оваа социјална мрежа почнаа да и оставаат коментари: “Мислев дека е кукла”, “Не верувам дека е вистинска додека не ја видам во живо”, “Човек ли си?”

Убавата манекенка веќе се навикна на овие и слични коментари, а истакнуваат дека не и пречат и дека често сака да се шегува за себе. Како ви се допаѓа Даки?