“ЈА ГЛЕДАВ КАКО СЕ ТУШИРА“ – Пејач завршил во болница поради ‘шпионирање’ на поранешната љубов на Здравко Чокиќ: “Тој само се насмеа и ми прости“

Пејачот Здравко Чолиќ е во брак со Александра Чолиќ, а малкумина знаат дека првата љубов на легендарниот шармер била Јасна Дулиќ.

Имено, тие беа заедно четири години, по што раскинаа и секој тргна по својот пат.

Борис Новковиќ, кој воедно е пријател и колега на Здравко Чолиќ, се присети на денот кога Здравко Чолиќ и Јасна Дулиќ биле во врска, а до ден денес не може заборави колку всушност била убава таа.

Во 70-тите години на минатиот век, кога имав 12 години, имав една случка со Здравко Чолиќ која ја раскажувам и до ден денес. Кај нас дојде на гости со својата девојка Јасна Дулиќ, танчерка од ‘Локица‘ која изгледаше одлично. Тајно се качив на ѕидот за да шпионирам низ мал прозорец и да ја гледам како се тушира. Потоа паднав, ја скршив раката и завршив во болница. Здравко Чолиќ се смееше, бидејќи бев само едно дете. Ми прости за тоа“, рекол во една прилика Борис Новковиќ, пренесува Hot.hr.

Инаку, Здравко Чолиќ ретко зборува за својот приватен живот и сопругата, но во една прилика проговори и за нивната венчавка која се одржа на посебен ден.

Ние двајцата се венчавме сосема спонтано на 1. мај. Сите мислеа дека е скриена камера бидејќи излеговме на состанок. Бевме во врска долго време. За да трае врската или бракот, мора да има почит и пријателство“, изјави еднаш Здравко Чолиќ.