ФОТО | НОВИ ДЕТАЛИ ЗА СООБРАЌАЈКАТА НА МИНИСТЕРОТ ЗА ОДБРАНА НА ХРВАТСКА – Марио Баножиќ претекнал камион и налетал директно на комбе ?! 

Министерот за одбрана на Хрватска, Марио Баножиќ (44 г.), е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случи денес (сабота) околу 06:00 часот кај Винковци.

Се судриле автомобил управуван од Марио Баножиќ и комбе.

Возачот на комбето загина додека возачот на приватното возило, кој е државен функционер, поради здобиените повреди е пренесен во општа болница во Винковци“, соопшти полицијата, пренесуваат хрватските медиуми.

Хрватските медиуми неофицијално наведуваат дека возачот (40 г.) загинал и дека до сообраќајната несреќа дошло кога Марио Баножиќ со своето приватно возило се движел околу камион на патот, по што директно се судрил со комбе кое доаѓало да од спротивна наскоа.

На социјалните мрежи се појави фотографија од судирот на која се гледа превртеното возило покрај патот.

Дефинитивно треба да се спомене дека вчера и синоќа врнеше дожд и дека патиштата се влажни и дека имало магла во утринските часови“, наведуваат истражните органи од Хрватска.

Според последните информации на хрватските медиуми, Марио Баножиќ поради сериозноста на повредите ќе биде префрлен во клинички центар во Осиек. Ова го потврдиле и од болницата во Винковац каде што е хоспитализиран по несреќата.

Министерството за одбрана на Хрватска потврди дека Марио Баножиќ е повреден во сообраќајна несреќа.

Во утринските часови во сабота, 11.11.2023 година, на државниот пат ДЦ-55 на излез од Винковци кон Жупања се случи сообраќајна незгода во која министерот за одбрана Марио Баножиќ учествувал во приватно возило и возачот на комбе. Загинал возачот на комбето. Во тек е истрага, предводена од заменик на државно обвинителство во Вуковар“, соопштија од Министерството за одбрана на Хрватска за тамошните медиуми.