Ова е жената која им раѓала деца на познатите дами и богаташки, а сега конечно ја откри вистината и кажа како и за колку пари се станува сурогат мајка
Сара Џесика Паркер, Никол Кидман и Пријанка Чопра отворено зборуваа за сурогат мајките благодарение на кои имаат едно или повеќе деца
Парис Хилтон неодамна стана мајка, а се роди Феникс Реум, првото нејзино дете и на нејзиниот сопруг Картер. Бебето е остварување на сонот за познатата наследничка која изјави дека со години копнеела да стане мајка.
Одлуката да најде сурогат мајка делумно ја донела затоа што се плаши од породување. Приказната за една жена која гостувала во нејзиното телевизиско шоу „The Simple Life“, која зборувала за своето искуство со породувањето, на неа и оставила трауми.
Хилтон е последната од бројните славни личности која станала мајки преку сурогат мајчинство, „го живее својот гламурозен живот со недопрена фигура и кариера, а потоа како гром од ведро небо го објавува раѓањето на дете со фотографии“, опишува Дејли Мејл.
Сара Џесика Паркер, Никол Кидман и Пријанка Чопра отворено зборуваа за сурогат мајките благодарение на кои имаат едно или повеќе деца. Наоми Кембел и Амбер Херд, за кои се верува дека исто така побарале помош од сурогат мајки, не сакаат да зборуваат за тоа.
Другата страна на сурогат мајчинството
- Сурогат мајчинството може да донесе голема радост – неверојатно е задоволството да се знае дека нечиј сон си остварил и таа личност го добива посакуваното дете – рекла Шана и додала:
Сурогат мајчинството не е нешто во кое треба случајно да навлегувате и важно е и двате да знаете што точно подразбира договорот – истакнува таа.
Доколку имате резервен ембрион кој „чека“ во лабораторија и баравте жена да го носи вашето дете, веројатно би ја избрале Шана, паметна, жива, грижлива и забавна мајка.
Таа е фризерка по професија, живее на фарма среде живописното село во Пенсилванија, каде што чува кози и кокошки. Новинар на Дејли Мејл ја интервјуираше во нејзината селска кујна.
По три бремености кои поминале без проблеми, Шана прочитала статија во женско списание за борбата на жените за потомство и веднаш сакала да помогне.
Таа и нејзиниот сопруг Џозеф, кој работи во градежништвото, имаат два сина и една ќерка. Нивното прво девојче е родено мртво, Шана ја разбира тагата и копнежот по детето.
„Не го правам ова за парите“
Шана се согласила со семејството и контактирала со агенција за сурогат мајчинство.
- Не го направив тоа бидејќи не можев да ги платам сметките, бевме во добра финансиска состојба. На сурогат мајчинството гледам како на подарок што можам да и го дадам на друга жена – истакна таа.
Агенцијата ја заврши својата работа темелно.
- Морав да пополнам еден куп формулари. Морав да подлежам на психолошка проценка. Морав да имам одобрение од општ лекар и гинеколог. Морав да направам ултразвучен преглед, крвни тестови… многу работи – се присетила 46-годишната жена.
Нејзиниот профил потоа бил доставен до потенцијалните родители. Од причини за приватност, Шана не може да ги именува оние кои биле вклучени во нејзиното искуство со сурогат мајчинство.
- Се договорив со Џенифер и Марк, првиот пар што го запознав. Многу ми беше жал за Џенифер, која беше во раните 30-ти и ги замрзна јајце клетките бидејќи имаше здравствени проблеми и не можеше да носи дете – истакнува таа во разговорот.
Џенифер потекнуваше од познато и богато семејство, така што имавме многу различни животи, но јас веднаш развив одлична врска со неа. И таа и Марк беа љубезни и благодарни и се потрудија да ме запознаат мене, мојот сопруг и нашите деца, нагласи таа.