“ЈА КАЗНУВАМ, НО НЕ МОЖАМ ДА И ЗАБРАНАМ…“ – Здравко Чолиќ отворено зборуваше за провокативните фотографии на неговата ќерка и неговата врска со неа
Пејачот Здравко Чолиќ е една од најголемите балкански ѕвезди, а кариерата не ја градеше на скандали, туку на музика чиј квалитет многумина го препознаа.
Иако постигна исклучителен успех со музиката, образованието му било многу важно на Здравко Чолиќ, па дипломирал на економски факултет и станал еден од најобразованите претставници на популарната музика на овие простори. Што се однесува до животот надвор од сцената, Здравко Чолиќ и неговата сопруга Александра се долги години во брак и имаат две ќерки – Лара и Уна.
Уна Чолиќ го привлече вниманието кон себе со своите фотографии на социјалните мрежи, поради што денес има речиси 45 илјади следбеници, а славниот татко неодамна призна дека му пречи тоа што таа редовно објавува провокативни фотографии на социјалната мрежа Инстаграм.
„Таа само фотографира нешто. Ја казнувам, не ми се допаѓа, но не можам да и забранам. Таа е таква… Едноставна, комуницира со луѓе, сака да се фотографира. Луѓето се фотографираат со мене, но јас никогаш не сум бил таков…што помалку, толку подобро. Се фотографирам само кога треба, поради работа, а таа е постојано на телефон. Не можам да и забранам, што да и правам ?“, изјавил Здравко Чолиќ за соседните медиуми и го споредил денешното време со минатото.
„Порано требаше да ангажираш фотограф да ти се фотографира или мораше да имаш добар фотоапарат дома, а потоа да чекаш да фотографираш“, се присетува тој.