Новак Ѓоковиќ ја освои 10-та титула на Австралија опен, а многумина се прашуваа зошто неговата сопруга Јелена не дојде да му даде поддршка. Тенисерот на прес-конференцијата изјави дека причината е прилично едноставна.
“Се чувствувам одлично физички и психички и сеуште можам да играм на врвно ниво. Се додека се чувствувам вака ќе продолжам да играм и не знам кога ќе ми заврши кариерата. Во моментов имам мотив и поддршка од најблиските, за кои знам дека не ги спомнувам многу, но тоа е клучно за мене“, започна тој.
Додаде дека е тажен бидејќи се разделил од сопругата и децата и објаснил дека тој и Јелена претходно се договориле вака да биде.
„Постои рамнотежа помеѓу мене и мојата сопруга и блиските луѓе во мојот живот. Се додека таа се грижи за нашите деца, можам да продолжам да го работам она што го сакам и да се истакнам во овој спорт. Секако дека сè уште имам цели и амбиции и тоа е отсекогаш била таква Да, сакам да испишувам историја во овој спорт и нема сомнеж во тоа“, рече тој и повторно нагласи дека сака да остане дома и да се грижи за најмалите.
Секако и Јелена на социјалните мрежи му ја честиташе победата споделувајќи низа стории на Инстаграм. Таа објави и фотографија на која Новак ја гушка мајка му Дијана.
Новак и Јелена се венчаа во 2014 година и имаат две деца: петгодишната ќерка Тара и осумгодишниот син Стефан.