Ја престигнал полицијата преку цела линија, па им понудил мито од 10 евра: Уапсен Србин во Црна Гора

При засилени сообраќајни контроли на делови од главните патишта, полицијата во Савник уапсила возач, државјанин на Србија, кој на полицаецот му понудил 10 евра.

„Полицијата на Шавница го приведе М.П.(34), државјанин на Р.Србија, поради сомнение дека сторил кривично дело поткуп во износ од 10 евра со цел да се избегне одговорност за сторен прекршок“, се вели во соопштението.
Покрај тоа, полицијата во Шавник во текот на еден ден сообраќајни контроли издала 13 прекршочни потерници по возачи, поднесена е една прекршочна пријава, од сообраќај исклучила две возила и одзела еден пар регистарски таблички.