Сопругата на покојниот Жарко Лаушевиќ прв пат во јавност: Дојде на премиерата на неговиот најнов филм, сите актери со неа

Во Белград се одржа големата премиера на драмата „Рускиот конзул“ во која главната улога ја толкува Жарко Лаушевиќ, а на неа се појави и неговата сопруга Анита.

Анита прошета по црвениот тепих на затворањето на 52. Меѓународен филмски фестивал ФЕСТ во салата МТС. Најголемо внимание привлече нејзиното појавување на црвениот тепих, а таа прошета во друштво на актерот Светозар Цветковиќ.
Вдовицата на Жарко Лаушевиќ се појави во син комбинезон и бела јакна, но не можеше да присуствува на премиерата на филмот во кој главната улога ја толкува нејзиниот покоен сопруг. За време на премиерата таа престојуваше во кафулето кое е дел од Салата.