,,Ја убив Весна за да го спасам универзумот!” – Нови детали за грозоморното злосторство во Загреб: Монструмот влегол во станот и ја избодел мајката на неговиот најдобар другар (видео)

Жупанискиот суд во Загреб му одреди истражен притвор на мажот (35) кој во четвртокот ја уби Весна Б.(66) во нејзиниот стан на Средњаци.

На осомничениот му се заканува затворска казна од најмалку пет години.

Потврдено е дека убиството се случило околу 20.50 часот кога осомничениот насилно влегол во станот и со остар предмет му нанел неколку убоди и расекотини на оштетениот. Случајот бил откриен следното утро бидејќи сопственичката на станот не се појавила на работа во фармацевтска компанија. Известен е нејзиниот син, кој потоа дошол во станот во Средњаци и ја нашол мајка му мртва.

Истрагата траела до попладневните часови, а многу брзо потоа е приведено лице поврзано со тоа дело.

,,Јутарњи” наведува дека осомничениот по убиството и’ рекол на мајка си дека го очекува пристигнувањето на полицијата.

– Немојте да се чудите ако дојде полиција. Во последен момент го решив проблемот на човештвото. Човештвото е спасено. Ја решив Весна – ѝ рекол наводно на мајка си.

Н1 дознава дека осомничениот бил целосно расеан при распитот. Тој, исто така, им кажа на истражителите дека „го спасил универзумот“ на сослушувањето.

Осомничениот претходно бил член на политичка партија, а на локалните избори во 2021 година бил член на избирачкиот одбор во населбата каде што се случило убиството.

Јутарњи наведува и дека осомничениот е пријател на синот на жртвата од средношколските денови, но дека не биле во контакт повеќе од десет години.