Ја убил Мирела, ја држел мртва врзана со денови, па ја распарчил и ја фрлил покрај патот? Грозоморно злосторство што го тресе Балканот

Во куќата на осомничениот наводно биле пронајдени дамки од крв, како и жицата со која, како што се сомнева, била врзана Мирела.


Романската полиција наводно пронашла траги од крв и жицата со која била врзана Мирела во куќата на еден Турчин, кој е осомничен за бруталното убиство на Мирела, чие распарчено тело било пронајдено на нива во близина на автопатот во Дамбовица.

Осомничениот е 64-годишен германски државјанин, а во 90-тите дошол во Романија и купил имот во близина на Букурешт. Според медиумите, осомничениот живее во тврдината, зад високи бетонски ѕидови, а на плацот се уште има хангар, кој полицијата вчера го пребарувше со часови.

Наводно, на плацот покрај куп ѓубре нашле други докази кои укажуваат дека најверојатно Турчинот е одговорен за бруталното убиство на Мирела.

Се претпоставува дека на почетокот на март ја врзал и убил Мирела во својата куќа, а потоа телото го чувал со денови и на крајот го искасапил, го спакувал во вреќи и го фрлил покрај автопатот.

„На имотот инспекторите пронашле повеќе траги од крв, жица со која, како што се сомневаат, била врзана жртвата, но и делови од кеси кои се слични на оние во кои се пронајдени деловите од телото. Земени се примероци од ДНК и се чекаат резултати“, велат изворите за Обсервер.

Соседите на осомничениот велат дека тој е повлечен, но многу насилен човек, кој само чека да направи скандал. Тие наведуваат и дека неколку пати го виделе во друштво на Мирела.

Посочуваат дека Мирела ја виделе на крајот на февруари, почетокот на март во неговата куќа, еднаш во автомобил, втор пат во дворот.

Осомничениот ангажирал адвокат, кој рече дека неговиот клиент ќе соработува со истрагата.

Инаку, осомничениот до пред неколку години бил во брак со Романка, која наводно починала под мистериозни околности. Повеќе од 20 години имал работа во градежништвото, а се занимавал и со столарија.

Да потсетиме, Мирела исчезна на 6 март, а сестра и тоа го пријавила следниот ден. Телото било пронајдено на 5 април во близина на автопатот.