Ја убил поранешната сопруга и двајца мажи во БиХ. Ја претепал сопругата пред 7 дена, таа се криела кај тетка и

ПОЛИЦИЈАТА во БиХ со часови барала маж кој ја убил неговата поранешна сопруга и тоа го пренесуваше во живо на Инстаграм. После тоа убил уште две лица. Ранети се уште три лица. Вчера околу 14 часот пристигна информација дека е лоциран и дека се самоубил пред очите на полицијата.

Убиецот е Нермин Сулејмановиќ, бодибилдер и фитнес инструктор поврзан со криминална група вклучена во трговија со дрога. Има долгогодишно досие, а невенчаната поранешна сопруга која ја убил постојано го пријавувала за семејно насилство.

На видеото, кое е директен доказ за злосторството, се гледа како тој со пиштол пука во жена. На видеото се гледа и бебе кое лежи на плочките. “Овде можете да видите како изгледа убиство во живо“, рекол убиецот за време на емитувањето на снимката.