Ја убил сопругата за да биде со љубовницата: Страшно злосторство во Денвер! Стоматолог барал информации за цијанид на интернет, љубовницата во шок

Американските власти веруваат дека Џејмс Крег ја убил својата 23-годишна сопруга за да може да има афера со друга жена. „Другата“ жена Карин Кејн ги открила деталите од нивната кратка врска за американската телевизија ABC.

Мајката на шест деца Анџела Крег беше хоспитализирана три пати во десет дена, откако нејзиното здравје нагло се влоши, а на 15 март и беше исклучен апаратот за одржување, откако лекарите констатираа дека нејзиниот мозок е мртов.

Во неделите пред нејзината смрт, Џејмс наводно користел компјутер во неговата стоматолошка ординација за да создаде нова адреса за е-пошта и пребарувал на Интернет проучувајќи „колку грама чист арсен се потребни за да се убие човек“ и „дали арсен може да се открие во обдукција“.

Крег го нарачал лекот арсен преку Амазон

„Крег, стоматолог, нарачал арсен преку Амазон на 27 февруари“, соопшти полицијата.

Тие веруваат дека стоматологот ставил отров во протеинскиот шејк што жената го испила. Два дена подоцна Анџела го известила сопругот дека и се врти во главата и се чувствува како да е издрогирана. Откако таа закрепна, Крег го нарачал отровот калиум цијанид, кој му кажал на добавувачот дека му е потребен за операција.

Полицијата почнала да го истражува Крег откако неговиот колега од стоматолошката ординација и кажал на медицинската сестра дека воопшто не им треба калиум цијанид за работа.

Полицијата во Аурора, предградие на Денвер, вели дека стоматологот тие денови се сретнал со Карин Кејн, која отпатувала од Тексас да го посети. Кејн, ортодонт, неодамна изјави за „Добро утро Америка“ дека го запознала Крег на стоматолошка конференција во февруари додека била во екот на постапката за развод.

Љубовницата не знаела дека Крег има жена

Карин тврди дека таа и Крег се сретнале три пати и дека не би стапила во врска со него доколку знаела дека тој се уште е во брак. Тој тврдеше дека се развел од сопругата и дека повеќе не живеат заедно.

-Не ми се допаѓа да ме нарекуваат негова љубовница – рече таа.

На прашањето дали мисли дека Крег ја убил својата сопруга за да биде со неа, Кејн рече дека немаат планови за заедничка иднина.

Карин тврдеше дека таа не била мотивот за убиството

-Нема шанси јас да сум била мотивот за убиството, тврди таа.

Еден ден пред Карин да пристигне во Денвер за да се сретне со Џејмс, здравјето на Анџела почнало да се влошува. Беше ставена на апарати за одржување, а прогнозата беше лоша. Карин Кејн ја знаеше ситуацијата.

-Во почетокот му предложив воопшто да не доаѓам, но тој ми рече дека ќе има корист од мојата поддршка. Вечеравме двапати. Во ниту еден момент не изгледаше под стрес или загрижено – изјави таа за ABC News.

Во полициските документи стои дека два дена по средбата со Карин, Џејмс Крег почнал да пребарува на Интернет за да дознае за арсенот.

-Дури кога медиумите го објавија апсењето и целиот случај, сфатив дека се се случило за неколку дена, признала Карин Кејн.