Јелена Карлеуша скршена од болка! Се огласи по смртта на Саша Видиќ, а зборовите кои ги упати ја распарчуваат душата – многу го сакаше (ФОТО)
Познатиот српски стилист и креатор Саша Видиќ почина денеска на 52-годишна возраст во Белград, што растажи многу естрадни ѕвезди кои работеа со него, а една од нив беше и Јелена Карлеуша.
Иако имаше многу перипетии и кулминации во нивното пријателство, од љубов до омраза, поп-ѕвездата беше многу тажна од оваа вест, па скршена од болка преку објава на социјалната мрежа Инстаграм се прости со него.

– Нека твојата душа почива во мир – напиша Јелена Карлеуша.
Да потсетиме, Саша Видиќ во својата долгогодишна кариера соработуваше со бројни познати личности од јавната сцена – пејачи, актери, водители, спортисти, политичари.
Да потсетиме, Видиќ доцна синоќа бил донесен во тешка состојба во белградската болница и веднаш приклучен на респиратор.
Според изворите, станува збор за септички шок и поради тоа е констатирана смрт поради кардиореспираторна инсуфициенција, а дефинитивната причина сè уште не е позната.