Јелена Ѓоковиќ сподели видео од танцот со Новак: Ја славиме неговата афера, но на жената не и пречи

Славниот тенисер денеска го собори апсолутниот рекорд и ја престигна Штефи Граф по број на недели на врвот на АТП листата!

Новак денеска ја започна рекордната и историска 378-та недела на првото место на АТП лиустата на најдобрите тенисери на светот со 6.980 поени и со тоа конечно ја остави зад себе легендарната Германка, Штефи Графт.

Јелена го објави победничкиот танц на Инстаграм, но поентира со својот коментар!

– Со гордост ја славиме тениската љубовна врска на Новак за која зборува цел свет. Жената не се лути – напиша Јелена со насмевка на Инстаграм и додаде:

– Новак е најдобриот тенисер во светот најдолго во историјата на тенисот!

По Новак Ѓоковиќ и второпласираната Штефи Графт сега следува Мартина Навратилова со 322 недели на врвот, Серена Вилијамс, која беше на врвот 319 недели.

На петтото место е Швајцарецот Роџер Федерер – 310. Шести е Пит Сампрас со 286, по нив следуваат Иван Лендл со 270 и Џими Конорс со 268, Крис Еверт со 260 недели.

Швајцарката Мартина Хингис и Шпанецот Рафаел Надал поминаа по 209 недели како најдобри во светот.